Гори борова шума во Радовиш, а огнените јазици се приближуваат кон викнед наслбата која се наоѓа на седум километри од градот.
„Пожарникарите и локалното население се обидуваат да направат појас околу викенд куќите“, информираше Ангелов.
Ангелов информираше дека радовишките пожарникари со таканаречениот контра пожар да ги одбранат викенд куќите кои се наоѓаат во непосредна близина на пожарот.
Пожарот во Радовиш избувна поладнево, а порди жешкото време и непристапноста на теренот, прерасна, како што изјави Ангелов, во тежок пожар.
Пожарот во Битола во кој попладнето беа повредени двајца пожарникари, сѐ уште не е ставен под контрола, информира командирот на ТППЕ Битола, Горан Димкоски.
Во борбата со огнената стихија, Димкоски за МИА посочи дека се вклучени 35 пожарникари од ТППЕ Битола, како и граѓани кои доброволно помагаат во справувањето.
Тој соопшти дека едниот од пожарникарите е задржан на лекување во битолската болница со изгореници на дланките и подлактицата.
Вечерва во битолската болница пожарникарот беше посетен од градоначалникот на Битола Тони Коњановски.
Во пожарот во Битола горат нискостеблести растенија но директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вечерва изјави дека нема да има потешкотии во справувањето со овој пожар.
Вечерва повторно e реактивиран и огнот на депонијата Острец во Делчево.
Дојавата за повторното запалување на депонијата е од жители на селото Полето, кои доцна попладне пријавиле дека огнот се движи во правец на дел од куќите во населбата.
Екипи на ТППЕ Делчево заедно со вработени во јавното претпријатие (ЈП) Брегалница се на терен каде веќе е започнаа акцијата за гаснење на пожарот.
Огнената стихија, како што информираат од терен, во моментот е стивната, но поради отежнатите ноќни услови и ветрот екипите ќе останат да дежураат во текот на ноќта.
Оттаму апелираат до населението од блиските куќи да не создаваат паника, бидејќи е отстранета опасноста од проширување на пожарот на нивниот имот.
Причината за повторното реактивирање, според ТППЕ Делчево, е ветрот кој засилено дуваше во текот на денот.






