петок, 3 април 2026

Пожарот во фабриката за здрава храна во Велес, предизвикан од удар на гром

Пожарот во производствениот погон на фирмата „Аронија“ со брендот BioCosmos е предизвикан како резултат на удар од гром. Нема повредени работници бидејќи во производството на здрава храна не се работи во смени.

Објавено на

часот

Сподели

Громот удрил и покрај громобран и громобранска инсталација на објектот, а пламенот го зафатил скоро целиот дел од фирмата „Аронија“ која е дел од комплексот на велешката фирма ДПТУ „Мирана“, информира Марио Мирсинов  еден од сопствениците и главен менаџер на фабриката „Аронија“ .

Тој појасни дека се изгорени производствениот погон, дел од машините, магацинот за суровини, магацинот за готови производи, како и канцелариските и помошните простории. Мирсинов информира дека привремено фабриката „Аронија“  нема да работи и првично не можеда соопшти колку е направената штета. При тоа, нагласи дека  фабриката „Мирана“ за прозиводство на прехранбени производи, која е во истиот комплекс и која за среќа во несреќа не беше зафатена со пожарот, ќе продолжи со производството.

Според Марио Мирсинов, громот во фабриката „Аронија“  удрил  покрај громобранот и громобранската инсталација, а како што го информирале  работниците кои биле на работа во соседниот дел на комплексот  во производствениот погон на „Мирана“, громот удрил околу 19:30 часот. Тие виделе дека нешто чади во соседниот дел од комплексот, и покрај обиколките, дури два и пол часа подоцна и веднаш пријавиле кај сопственикот Мирсинов. Тој веднаш пријавил во ТППЕ Велес, нивна екипа веднаш дошла и се вклучила во негово гаснење.

Инаку според информацијата за МИА од ТППЕ Велес, станува збир за објект од 1.553 квадратни метри  кој бил зафатен со пожарот, а со нивна брза и умешна интервенција спасиле многу и не дозволиле целосно да изгори, воедно спречиле да се прошири и на фабриката „Мирана“, која е во истиот комплекс на објекти.

Како што појаснија од ТППЕ Велес, тие во 22:07 часот добиле дојава за дим во фабриката „Аронија“ од сопственикот на ДПТУ „Мирана“ во чиј состав е и фабриката „Аронија“ BIO Cosmos или попозната како фабрика за здрава храна.

„Фабриката е во близина на ТППЕ Велес и на местото на пожарот стигнавме во најбрз рок за неколку две-три минути. Кога ја отворивме вратата на огромната хала на фабриката, пожарот беше во развиена фаза, но со наша брза и умешна интервенција сепак успеавме да спасиме многу  од фабриката ‘Аронија’ да не изгори целосно“, потенцираат од ТППЕ Велес.

На пожарот првично стигнале  со 2 возила и 5 пожарникари, но поради силината повикале уште свои колеги или во негово гаснење вкупно се вклучиле 16 пожарникари на ТППЕ Велес со 4 возила, а за дотур на вода добиле помош и од ЈКП „Дервен“. Во гаснење на пожарот биле вклучени и две специјални пренаменети возила на ДЗС.

Екипа на СВР Велес направил увид по пожарот.

Пожарот бил локализира во 4 часот утрово, а целосно бил ликвидиран во 6.30 часот. Пожарникарите од терен во станицата на ТППЕ Велес се вратиле во 7.10 часот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ