Од друга страна, пожарот што избувна на територијата на ловиштето Јасен сè уште е активен. Екипи на Јасен и Национални шуми се на терен, но поради непристапноста на местото не можат да интервенираат директно. Утрово кон пожарот дејствуваа два полициски хеликоптери, но ефектот од нивното дејствување беше намален поради силниот ветер.
Дополнително, кон местото на пожарот се упатија два ер трактори на ДЗС, а превентивно се испратени и три пинцгауери, како и 25 припадници на Министерството за внатрешни работи.






