Дека се загрозени викендичките во селото потврди и неготинскиот градоначалник Горан Стојанов. Тој исто така нагласи дека освен од земја, гаснењето треба да има и дополнителна поддршка од воздух.
На прашањето дали се евакуирани луѓето од селото, бидејќи уште пред неколку дена беше упатен апел за нивна евакуација, тој одговор дека некои луѓе самоиницијативно одат во селото.






