„Пожарот се издига по сртот кон погоренаведените села, на страната од Скопска Црна Гора. Барањето за воздушно дејствување, доставено до ЦУК од градоначалникот на Липково, е процесуирано до ДЗС и Национални шуми. Во моментот, сите летала се ангажирани на големиот пожар во Беровско. Доколку во попладневните часови леталата не бидат потребни таму, ќе бидат веднаш преупатени да дејствуваат на пожарот помеѓу селата Никуштак и Орланци, како и по сртот на Скопска Црна Гора“, велат од ЦУК.
Пожарот од Никуштак стигна до сртот на Скопска Црна Гора
Пожарот што е активен од вчера се наоѓа на територијата на Општина Липково, помеѓу селата Никуштак и Орланци., се наоѓа во сосема непристапно подрачје, каде што нема никакви патишта и нема можност за пешадиско дејствување, информираат од ЦУК.

Објавено на
часот





