недела, 14 декември 2025

Пожарот на Серта сѐ уште активен, гори и во струмичко Ново Село (ВИДЕО)

Не стивнува пожарот на планината Серта кој, како што изјави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, гори на три точки. Тој информираше дека во моментов има уште еден тежок пожар кај струмичко Ново Село во близина на границата со Бугарија.

Објавено на

часот

Сподели

Како што најави Ангелов денеска ќе се гаснат овие два големи пожари.

„Рано утрово стигна помош од Турција. Пристигнаа еден хеликоптер и два ер трактори и им се придружија на нашите воздухоплови во гаснењето на пожарите на Серта и во Ново Село. На локалните противпожарни бригади им се приклучени и доброволци како и 130 припадници на АРМ и 30 припадници на специјалните единици на МВР. Се обидуваме на некои места да транспортираме пожарникари, а работиме и на таканаречени противпожарни пресеци за да го спречиме ширењето на огнот“, информираше Ангелов.

Ангелов уште кажа дека вчера се угаснати неколку критични точки, но сепак и двата пожари сѐ уште се активни и не се ставени под контрола.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ