недела, 14 декември 2025

Пожарот на Огражден ноќеска снимен од бугарска страна (ВИДЕО)

Пожарот на Огражден, над селото Бадилен синоќа се доближи до границата со Бугарија, поради што цела ноќ од бугарска страна со механизација се пробивал пат за да може теренско противпожарно возило да интервенира. Од бугарска страна се снимени размерите на огнената стихија, а од македонска тоа не беше можно, велат од Центарот за управување со кризи – ЦУК, од каде е споделена кратката снимка.

Објавено на

часот

Сподели

Од ЦУК велат дека засега немаат можност да споделат фотографии и видео од пожарот на македонска страна затоа што горе на планината нема интернет конекција.

ЦУК информира дека утрово започна гаснењето на пожарот на Огражден, над селото Бадилен. Бидејќи се работи за тешко пристапен терен еден полициски хеликоптер префрлил 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење од земја, а потоа, како што е најавено, полицискиот хеликоптер ќе дејствува од воздух.

Од утрово треба да бидат активирани и два противпожарни авиони ер-трактор откако вчера Владата одобри да бидат ангажирани со договор на дело двајца пензионирани пилоти.

Од воздух треба да се помогне во гаснењето на пожарите на планините Огражден и Серта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ