среда, 10 декември 2025

Пожарот на Кожуф под контрола, другите 23 – изгаснати

Изминатото деноноќие, до седум часот утрово, на територија на државава се евидентирани 23 пожари на отворен простор. Еден е ставен под контрола, а останатите се изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Приземниот пожар на Кожуф планина е ставен под контрола.

Изгаснатите пожари биле на територија на општините Илинден, Гази Баба, Струга, Тетово, Кривогаштани, Прилеп, Куманово, Зелениково, Македонски Брод. Од останатите, четири биле на територија на општина Гостивар, Кичево – три, а по два во Долнени, Липково и Старо Нагоричане.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ