„Утринава и во претпладневните часови, со помош на канадери и авион кој
испушташе водени бомби, пожарот е целосно изгаснат. Но и натаму постои
опасност од палење, бидејќи опожарениот терен е многу стрмен и
опожарените остатоци на дрвја, шишарки…, лесно со тркалање се
пренесуваат до неопожарените делови“, пишува во соопштението на општина Битола.
Оттаму уште наведуваат дека екипите на ТППЕ Битола и на Јавното претпријатие Водовод остануваат и натаму на терен, постојано ја контролираат областа, каде што работат на догаснување на внатрешните пламени жаришта.






