За тешките товарни моторни возила важи целосна забрана за сообраќај.
МВР веќе информира дека поради пожарот над селото Чучер, целосно е прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце, а преминот е воедно и затворен.
Според последните информации на ЦУК, пожарот е лоциран меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, сè уште е активен, а горат мешана шума и ниска вегетација. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов преку видео изјава од Чучер порача дека нема реална опасност од ширење на пожарот, како и дека нема потреба од паника.






