среда, 13 август 2025

Пожарот кај фабриката Самоков е активен, нема опасност по фабриката, оној кај Гази Баба е под контрола (ВИДЕО)

Пожарот кај фабриката Самоков втор ден е активен, но според информациите што попладнево ги сподели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, нема опасност по фабриката. Под контрола се ставени три крака од пожарот. Ангелов уште информираше дека пожарот кај парк-шумата Гази Баба во Скопје е под контрола.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Директорот на фабриката и градоначалникот на Општина Македонски Брод ме известија дека нема потреба од дејство на „ер тракторот“ којшто цел ден дејствуваше на овој потег околу фабриката. Под контрола се ставени три крака на овој тежок пожар. Останува активен еден крак и за да се избегне опасност по блиското село „ер тракторот“ ќе продолжи да дејствува ова попладне се додека условите го дозволуваат тоа“, информира Ангелов во најновата изјава.

Ангелов уште информираше дека пожарот кај парк-шумата Гази Баба во Скопје е под контрола.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, информира дека кога стасал на местото веќе биле пожарникарите на Град Скопје и доброволното друштво Чаир, со чија интервенција како што рече, пожарот на Гази Баба за два часа бил ставен под контрола.

Директорот на ЦУК соопшти дека на терен е дежурна екипа која ќе набљудува дали ќе има потреба од нова интервенција.

Поради пожарите, денеска Владата на седница донесе одлука за прогласување на кризна состојба на територија на државата во траење од 30 дена. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ