понеделник, 22 декември 2025

Пожарникарите од Велес спасија куќа

Пожар во куќа на улица „Живко Фирфов“, кој избувнал синоќа околу 19:00 часот од сопствениците бил веднаш пријавен  во Територијалната противпожарна единица Велес, а чија екипа веднаш излегла на терен со две противпожарни возила и седум пожарникари. Тие го затекнале пожарот во почетна фаза што им ја олеснило работата, и што помогнало во несреќата  огнот брзо да се ликвидира, информираат денеска од ТППЕ Велес.

Објавено на

часот

Сподели

Воедно потенцираат дека присебноста на сопствениците и навремената пријава на пожарот, како и брзата интервенција на пожарникарите ја спасиле куќата од опожарување.

Од Територијалната против пожарна единица повторно апелираат до граѓаните за брзо пријавување на пожари од било каков вид на  телефонските броеви 112 или 193.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ