понеделник, 22 декември 2025

Пожарите во Јасен и Јегуновце се најсериозни, Ангелов очекува стабилизирање (ВИДЕО)

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, информира дека во текот на вчерашниот ден биле евидентирани повеќе од 20 пожари на отворен простор низ државата, од кои два се оценети како најсериозни. Утрово на територијата на Македонија на отворен простор има два активни пожари, еден под контрола, а во изминатите 24 часа изгаснати се 26 пожари, информираа претходно од Центарот за управување со кризи.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Најтешкиот пожар е оној во Јасен, но предмалку изгубивме контрола и на еден крак од пожарот во Јегуновце, кој гори на рид каде што има неколку репетитори. Репетиторите се успешно спасени и остануваат функционални, но пожарот е сè уште активен“, изјави Ангелов.

На терен дејствува еден полициски хеликоптер, а според проценките на Дирекцијата, се очекува пожарот во Јегуновце да биде ставен под целосна контрола во текот на денешниот ден. 

Утрово на територијата на Македонија на отворен простор има два активни пожари, еден под контрола, а во изминатите 24 часа изгаснати се 26 пожари, информираа претходно од Центарот за управување со кризи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ