понеделник, 8 декември 2025
ЦУК

Пожарите се разгореа, активни се пет

На територијата на нашата земја денеска до 12:30 часот има пет активни пожари на отворено, а исто толку се под контрола, информираат од ЦУК.

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите во во близина на Тиквешко Езеро каде гори нискостеблеста шума и трева, во село Магленце каде е опожарена ниска вегетација и шума, во Штип на улица Асном каде е запалена ниска вегетација, во село Долгаец гори
мешана шума и во село Подвис годи ниска вегетација и стрниште.

Под контрола се пожарите во повеќенаменското подрачје Јасен (мешана шума), на планината Кожуф (приземен пожар), село Мерово (мешана шума), село Страгово (ниска вегетација) и село Мрежичко место викано Мушов (ниска вегетација и нискостеблеста шума).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ