понеделник, 8 декември 2025

Пожарите повторно се разгоруваат во Македонија

Бројот на пожарите во Македонија повторно станува алармантен. Денеска градоначалници на повеќе општини побараа интервенции на воздухопловите, на што Центарот за управување со кризи не можеше да одговори. Метеоролозите за наредните денови прогнозираат сончево и многу топло време.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска има неколку нови пожари на отворено, дел од старите пожари повторно се разгореа. Најсериозни се пожарите на Илинска планина во Општина Демир Хисар (овој пожар се заканува со проширување на територијата на Општина Охрид), нови пожари се појавија во Куманово и Свети Николе, гори кај Старо Нагоричане кај селото Молотино… запалени се неколку напуштени куќи. Силниот ветер ги разгороува пожарите и ја отежнува интервенцијата на хеликоптерите и ер-тракторите.

На територија на државата има 20 пожари, од кои се изгаснати 10, осум се под контрола, а два се активни.

Најсериозни се пожарите на територијата на Општина Македонски Брод кај ловиштето Јасен и во Кочани, во атарот на селото Лавовица каде денеска делуваа два хеликоптера.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ