понеделник, 15 декември 2025

Пожарите од Македонија се шират кон Србија и кон Грција

Шумскиот пожар што од вчера напладне зафати над 50 хектари борова шума во кривопаланечкото село Нерав, според информациите од Општина Крива Паланка се проширил и на делови од територијата на општина Ранковце, село Герман како и кон општина Трговиште, Република Србија.

Објавено на

часот

Сподели

Дојава за пожарот во ТППЕ Крива Паланка е примена вчера околу 14 часот, а во гасењето активно биле вклучени екипи на: ТППЕ Крива Паланка, ТППЕ Ранковце, Противпожарна единица Трговиште, Србија, екипи од јавното претпријатие „Македонски шуми“ – Подрачно шумско стопанство “Осогово”,Крива Паланка и локално население од селата Нерав и Трговиште.

Според позледниот извештај на ЦУК, од 13 часот, пожарот во Општина Прилеп, кај  с. Бешиште, на место викано Бешишки Рид, се проширува кон с. Градешница (опш. Новаци) и кон границата со Р. Грција (мешана шума).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ