Од Управата за хидрометеоролошки работи прогнозираат дека жештините нема да стивнат до петок. Во наредните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со максимална дневна температура која насекаде ќе биде повеќе од 30 Целзиусови степени, а наместа ќе надминува 40 степени поради што до крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.
Во петок и за време на викендот во попладневните часови ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер и дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.






