Активен е пожарот на планините Готен и Малешевските планини што се протега на териториите на три општини, Василево, Радовиш и Берово. Во прилепското село Бешиште, кај месноста Бешишки Рид гори мешана шума. Во Прилеп активен е и пожарот кон селото Дрен. Два пожари има на територијата на Македонски Брод – кај село Црешнево и меѓу селата Локвица и Крапа. Нискостеблеста шума гори меѓу селата Драгоево и Селце во Штип. Готи и кај Зелениково (село Гумалево), Желино (меѓу селата Церово и Групчин, Струмица (кај месноста Три Води).
Под контрола се пожарите кај селото Грешница (Македонски Брод), на улицата Брсјачка Буна, во Шуто Оризари каде гори дива депонија и кај Јунузлија, Карбинци.






