„Гори висока сува трева, нискостеблести растенија, даб и смрека. Теренот е непристапен, а огнот има зафатено голема површина. Штотуку побаравме помош од Дирекцијата за заштита и спасување да помогнат со гаснење на пожарот од воздух“, вели Ренџов.
Тој посочува дека пожарот е на два километри од селото Селце, но добро е што огнот не оди кон првите куќи во селото, туку се движи кон врвот на планината. Ренџов вели дека екипите се на терен и во текот на ноќта ќе имаат дежурство. Овој дел од планината Серта секоја година гори, а пожарникарите се справуваат со огнените стихии и ги бранат куќите на овие села од огнените јазици.






