Собраните граѓани кои се обидоа да блокираат некоја од раскрсниците во Аеродром, и за утре најавија уште еден собир во 18 часот на платото пред црквата.
Каја Шукова, кандидатката на СДСМ за градоначалник на Скопје денеска одржа прес-конференција пред депонијата Вардариште, нагласувајќи дека повеќе од 150.000 жители од општините Аеродром и Гази Баба секојдневно се изложени на чад и загадување.
„Екоцидот во Вардариште мора да запре веднаш. Моето прво и најитно решение е воведување на 24-часовен надзор, целосно оградување на депонијата и забрана за влез на сите лица освен вработените од ‘Комунална хигиена’, за да престане палењето на отпад и да се заштити здравјето на граѓаните,“ рече Шукова.
Таа нагласи дека ова е интервентна мерка, која е неопходна пред да се премине кон долгорочни системски решенија, како изградба на нова претоварна станица, обновување на механизацијата и воведување на задолжителна селекција на отпадот.
„Скопје не смее да биде жртва на политички игри и празни ветувања. Вардариште мора да се заштити веднаш, а граѓаните да дишат чист воздух,“ додаде Шукова.
Невладината организација О2 иницијативата упати јавен апел до кандидатите за градоначалници и советници во Град Скопје, Аеродром и Гази Баба, барајќи итни решенија за санација на депонијата Вардариште.
„Доста е со молк, одлагања и префрлање на одговорност! Вардариште не е тема за кампања – тоа е закана за нашето здравје и иднината на Скопје,“ порачуваат од иницијативата.
Тие додаваат дека очекуваат конкретни обврски од кандидатите: „Сакаме решенија, а не заткулисни игри! Кој е спремен да даде јавно ветување?“
Во апелот се наведени три приоритетни барања: Итна изработка и активирање на проектна документација за санација и ревитализација на Вардариште. „За тоа е потребно: итна изработка и носење на двата ДУП-а за Вардариште од страна на Општина Гази Баба.
Привремени мерки додека проектите не се готови – запечатување, оградување, осветлување, 24-часовна чуварска служба и видео надзор – во најбрз можен рок!
Транспарентност и отчетност: „Транспарентно известување за секој чекор, со прецизни рокови и конкретни активности за санација и ревитализација.
О2 иницијативата потсетува дека станува збор за прашање кое не смее да се третира како обично предизборно ветување: „Ова не е борба за функција – ова е борба за живот и здравје!“






