недела, 14 декември 2025

Пожарите кај Јасен и Јегуновце сѐ уште се активни (ВИДЕО)

На територијата на Македонија утрово активни се два пожари, а изгаснати се 12, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Веќе една недела гори мешана шума кај ловиштето Јасен, Општина Македонски Брод. Новиот пожат кај Јегуновце, помеѓу селата Рогачево и Јажинце и натаму е активен.
Изгаснати се 12 пожари.
Директорот на Дирекцијата за заштита изјави дека доцна синоќа пожарот во атарот на Јажинце повторно се реактивира.
„Набргу потоа поради лесно горливата висока трева, грмушки и смреки пропратени со подзасилен ветер, огнената линија стана подолга од еден километар движејќи се во насока на магистралниот пат Тетово – Јажинце. На патот бргу поставивме одбрана со десет ПП цистерни, 8 пинцгауери и еден воден топ на МВР за да не дозволиме огнот да помине преку патот, доколку дојде до него.

Околу полноќ се искачив до линијата на огнот високо над патот и откако лично се уверив дека ветерот е поволен, горењето ослабнато и има услови за ноќно гаснење од земја, со мојот возач и 7 жители на Рогачево започнавме гаснење на огнената линија. Гаснењето се одвиваше во две фази, гаснење, контролирање и догаснување на изгаснатата линија. Некаде околу три часот по полноќ ја совладавме целата лева огнена линија во должина поголема од еден километар. Десната огнена линија беше далеку од нас и поради тешко пристапниот терен обраснат со густа вегетација полна со трње, не можевме да се пробиеме до неа.

Во овој момент изгаснатата лева линија покажува жешки точки и знаци на разгорување поради што е активиран полицискиот хеликоптер кој со прецизно фрлање на вода дејствува точка по точка. Еден крак од пожарот се движи во насока на село Дворце кон скопската страна. Министерот Тошковски кој синоќа ја посети локацијата на пожарот, цела ноќ и утрово остана со нас. На лице место се наоѓаат пожарникари со навални возила од ТППЕ Тетово, Гостивар, Велес и Кавадарци како и локално население. Голема благодарност до сите кои деновиве помагаат да го ставиме под контрола овој тежок пожар.

Посебно голема благодарност до седумчлената чета на Цветко Војвода од Рогачево со која успеавме да спасиме неколку хектари трева, грмушки и шума, гаснејќи по исклучително тежок за движење терен, изложувакки се притоа и на определен ризик“, се вели во утринската изјава на Ангелов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ