На местото веднаш интервенирала Територијалната противпожарна единица од Штип. Во акцијата биле ангажирани три противпожарни возила и дванаесет пожарникари, кои работеле на гаснење на пламените јазици.
Во гаснењето се приклучиле и членови на навивачката група „Ултра Банда“, кои помогнале огнот побрзо да се стави под контрола.
Пожарот предизвикал значителна материјална штета на објектот, но според првичните информации нема повредени лица.
Благодарение на брзата интервенција на пожарникарите и помошта од присутните граѓани, пожарот бил локализиран пред да се прошири на околните објекти.
ТВ Стар јавува дека струјна инсталација го предизвикала пожарот.






