четврток, 11 декември 2025

Пожар во фабриката „Макпрогрес“ во Виница

Голем пожар изби во фабриката „Макпрогрес“, позната по брендот „Винчини“. Во моментов со огнот е зафатен еден погон а локалните винички пожарникари со подршка на пожарникари од Кочани се обидуваат да го спречат ширењето на огнот кон останатите погони.

Објавено на

часот

Сподели

„Денес, во 18:40 часот, во Центарот за управување со кризи преку бројот Е-112 е добиена пријава за пожар во фабриката за кандирани производи и вафли „Винчини“ во Виница.

Пожарот избувнал во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката. На терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари“ се вели во информацијата од Центарот за управување со кризи.

До градоначалникот на Виница е дадена насока да побара дополнителна поддршка и помош од соседните општини. Веќе се вклучени ТППЕ Кочани и ДПД Кочани со сите свои капацитети и ресурси, а поддршка е побарана и од Општина Македонска Каменица и Штип. Доколку биде потребно, ќе се ангажираат сили и од други општини.

„Со оглед на тоа дека станува збор за специфичен урбан пожар, неопходно е ангажирање исклучиво на професионални пожарникари“, велат од ЦУК.

Од Дирекцијата на заштита и спасување, потврдуваат дека на помош се тргнати пожарникари од Свети Николе, Струмица и Пробиштип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ