ТППЕ Куманово гаселе пожар и на запалена сува трева на улицата „Народна револуција“ и во населбата Средорек, каде билa запалена сува трева и смет.
Кумановци реагираат дека на оваа локација несовесни граѓани постојано палат смет и често има пожари кои ја вознемируваат јавноста и го загадуваат воздухот во попладневните часови. Кумановци бараат засилен инспекциски надзор, санкции за несовесните граѓани кои палат оган на отворено и го загадуваат воздухот.
„Во текот на годината често, во последно време речиси секојдневно интервенираме на таа локација од Стари Лозја до надвозникот пред влезот на населбата Перо Чичо“, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Според истражувањата изработени во рамки на проект, дефинирани се шест извори на загадување: согорувањето на биомаса, сообраќајот, согорување на оган на отворено и отпад, согорување на мазут и нафта, со најмал процент е минерална прашина и секундарните аеросоли.