недела, 14 декември 2025

Пожар во битолската болницата, вработените и пациентите не се загрозени, смируваат од Министерството за здравство

Во кругот на Клиничката болница „Др. Трифун Пановски“ – Битола изби пожар како резултат на запалена сува трева. Надлежните служби навремено и ефикасно интервенираа и го локализираа во најкраток можен рок. Нема материјална штета врз болничките објекти, ниту е загрозена безбедноста на пациентите и вработените, информираа утрово од Министерството за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

„Министерството за здравство информира дека синоќа во кругот на Клиничката болница Др. Трифун Пановски – Битола, изби пожар како резултат на запалена сува трева. Пожарот веднаш беше пријавен во Центарот за управување со кризи и противпожарната станица, по што надлежните служби навремено и ефикасно интервенираа и го локализираа во најкраток можен рок. Од страна на болницата беа преземени сите неопходни мерки за заштита и следење на ситуацијата. Нема никаква материјална штета врз болничките објекти, ниту е загрозена безбедноста на пациентите и вработените. Работата на болницата се одвива непречено“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Интервенцијата траела кратко и била целосно завршена без потреба од евакуација или дополнителни безбедносни мерки.

Министерството за здравство, велат оттаму, континуирано ја следи состојбата во сите јавни здравствени установи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ