недела, 14 декември 2025

Пожар кај аквадуктот во Скопје, локалното население ги попречуваа пожарникарите

Попладнево изби пожар на отворен простор во близина на римскиот аквадукт кај Скопје. Од пожарот беше зафатена трева и грмушки, но и поголема количина на расфрлано ѓубре низ опожарениот простор.

Објавено на

часот

Сподели

Екипите на скопската Бригада за противпожарна заштита веднаш излегоа на терен, но при гаснењето беа попречувани од припадници на една етничка заедница која живее на и околу опожареното место поради што беше побарана полициска интервенција за непречено одвивање на гаснењето, вели Стојанче Ангелов, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во моментов пожарот е под целосна контрола и набргу ќе биде изгаснат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ