петок, 3 април 2026

Повторно затворен вентилот за наводнување, ќе следува пријава за несовесните, објавија од Водостопанство Кавадарци

Несовесни граѓани го затвориле главниот вентил за наводнување од системот К 1, информираа денеска од подружницата на Водостопанство, Тиквеш од Кавадарци, објави претпријатието на неговата фејсбук страница. Пред два дена, оттаму исто така споделија дека изминатиов период затекнале многу дефекти на хидранти настанати поради самоволното пуштање на вода на водокорисниците.

Објавено на

часот

Сподели

„Намерно затворен главниот вентил за системот К1. Ова е веќе пракса од несовесните граѓани. Ќе следуваат пријави до надлежните институции“, напишаа од подружницата на Водостопанство.

Пред два дена, оттаму исто така споделија дека изминатиов период затекнале многу дефекти на хидранти настанати поради самоволното пуштање на вода на водокорисниците.

„Затоа ве замолуваме во наредниот период да не се охрабрувате самоволно да пуштате вода за наводнување. Доколку не се почитува ова предупредување во наредниот период, ќе следува пријава на граѓани кои ќе бидат затекнати на лице место“, истакнаа од Водосотопанство Тиквеш.

Притоа апелираа, доколку  некој водокорисник на вода за наводнување има проблем со водоснабдувањето, да се обрати до  надлежните задолжени за водоснабдувањето во регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ