петок, 3 април 2026

Повторно се разгоре пожарот кај Битола, не стивнува и оној кај Серта

Повторно е активиран крак од пожарот во близина на Битола за кој надлежните денеска објавија дека е ставен под контрола. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов уверува дека нема опасност за градот ниту за објектите во околината. Од Авто-мото сојузот известија дека сообраќајот кај обиколницата Битола на патниот правец Прилеп-Ресен се пренасочува низ градот. Од ЦУК уште известија дека пожарот на планината Серта сѐ уште беснее.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Регионалнот центар за управување со кризи (РЦУК) Битола известува дека пожарот кој што започна на 15 јули 2024 часот во 16 часот кај местото викано Германски гробишта, на ридот над населбата Баир во Битола, е реактивиран на еден крак и се движи на запад кон местото викан Бел Камен, на високо непристапен терен, а дува и силен ветар. Интервенираат ТППЕ Битола“, информираа од ЦУК.

Во последниот пресек за ситуацијата со пожарите, Ангелов повтори дека најкритична е сосотојбата со пожарот на планината Серта од страна на Неготино.

„Се работи за долга линија од триесетина километри, на која има одредени жешки точки, Се обидуваме да ги изгаснеме“, вели Ангелов.

Во моментов се интервенира од воздух со сите хеликоптери и ер-трактори кои ги има земјава, но и со странската помош кој пристигна. Активиран е и хеликоптерот од Србија кој се приклучи на хелкоптерот и авионите од Труција.

Ангелов информираше дека во гаснењето на пожарите денеска на располагање се три ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), еден хеликоптер на МВР, два хеликоптери на АРМ, два ер трактори и еден хеликоптер од Турција и еден голем хеликоптер од Србија.

„Во текот на денешниот ден ќе пристигнат два хеликоптери од Словенија, еден канадер од Хрватска, еден хеликоптер од Црна Гора, а утре ќе имаме плус еден голем хеликоптер МИ 171 на МВР кој беше на сервис“, информираше Ангелов.

Од Авто-мото сојузот известија дека сообраќајот кај обиколницата Битола на патниот правец Прилеп-Ресен се пренасочува низ градот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ