Барањата пред Министерството за одбрана ги соопшти претседателот на Синдикатот, Маријо Јуришиќ, кој истакна дека целта е платите да бидат автоматски поврзани со реалните економски индикатори, како што се инфлацијата и трошоците за живот.
Јуришиќ нагласи дека доколку барањата не бидат исполнети, Синдикатот ќе разговара за понатамошните чекори, но потенцира дека нивен приоритет остануваат дијалогот и отворената комуникација со надлежните институции.






