сабота, 7 март 2026
Форум на жени на СДСМ

Повик за одговорност и оставка по серијата трагедии, најавен протестен марш

На прес-конференција, претседателката на Форум на жени на СДСМ, Каја Шукова, упати остри критики кон раководството на Министерство за внатрешни работи, повикувајќи на одговорност и оставка по серијата трагични настани во државата.

Објавено на

часот

Сподели

Шукова праша колку уште животи треба да згаснат за да се преземе одговорност, посочувајќи дека јавноста е во тага, шок и бес по последната трагедија во Карпош, во која, како што рече, загинале мајка и малолетна ќерка.

Таа наведе дека во одредени случаи имало повеќе пријави за семејно, физичко и психичко насилство, но, според нејзините тврдења, немало соодветна и навремена реакција. Беа споменати и други трагични случаи во Велес, Кумановско Старо Нагоричане и Кочани, при што беше посочено дека институциите потфрлиле во заштитата на граѓаните.

Во однос на одговорноста, беше истакнато дека се водат постапки и предистраги за постапувањето на полициски службеници, но дека јавноста сè уште очекува конкретни резултати и одговори.

Шукова оцени дека наместо одговорност, се организираат јавни обраќања и најави за засилена заштита, кои ги опиша како пропаганда, нагласувајќи дека тоа нема да ги врати изгубените животи.

Форумот најави протестен марш во Богданци, утре, со почеток во 12:00 часот, и изрази поддршка за граѓанскиот марш во Скопје. Организаторите повикаа граѓаните да се приклучат, со порака дека ќе продолжат да бараат одговорност и институционални промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ