сабота, 24 мај 2025

Повик од европарламентарката Миранда да се гласа за Васил Стерјовски од МАЕИ на утрешните парламентарни избори во Албанија

Пред утрешните ( 11 мај) парламентарни избори во Албанија, пратеничката во Европскиот парламент од Европската слободна алијанса, Ана Миранда , јавно ги повикува граѓаните од округот Корча да гласаат за Васил Стерјовски од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Објавено на

часот

Сподели

„Драги граѓани на округот Корча,

На 11 мај, имате моќ да ја обликувате иднината на вашиот регион и вашата земја. Јас сум Ана Миранда, членка на Европскиот парламент, и од срце го поддржувам Васил Стерјовски, кој се кандидира за пратеник во округот Корча на листата на Социјалистичката партија.

Васил не е само политичар, тој е посветен глас на сите етнички заедници, неуморен застапник за правда и вистински верник во европската иднина на Албанија. Како претседател на Македонската алијанса за европска интеграција и активен член на Европската слободна алијанса, тој претставува единство, напредок и надеж.

Сега е време да застанеме зад лидерите кои ги зближуваат луѓето и се борат за подобро утре. Гласајте за Васил Стерјовски, глас за различноста, еднаквоста и европските вредности. Гласајте за него“, порачува Ана Миранда.

Стерјовски е на отворената листа за пратеници на Социјалистичката партија на Албанија во изборна единица Корча. Тој е на чело на МАЕИ од 2019 година, а беше пратеник во претходниот парламентарен состав и е прв пратеник Македонец, кој јавно се декларираше како Македонец во парламентот на Албанија. На една од пленарните седници тој до пратениците се обрати на македонски јазик, што беше историско достигнување на Македонците во Албанија.

МАЕИ на утрешните парламентарни избори во Албанија, настапува во коалиција со Социјалистичката партија, предводена од Еди Рама.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ