вторник, 3 март 2026

Повик на Општина Маврово Ростуше за еднократен финансиски надоместок за студенти

Општина Маврово Ростуше објави јавен повик за доделување еднократен финансиски надоместок за редовни и вонредни студенти, од оваа општина, за академската 2025/2026 година, кој сега изнесува 12 илјади денари, што е за две илјади повеќе во однос на минатата година.

Објавено на

часот

Сподели

За аплицирање потребни се важечки документ за идентификација (фотокопија од лична карта или пасош), потврда за редовен или вонреден студент (запишан парен семестар: II, IV, VI, VIII, односно X или XII за студентите по медицина), како и  копија од трансакциска сметка на име на студентот.

Основен услов за добивање на помошта е студентот да не е во работен однос. Барањето и потребните изјави се подигнуваат и пополнуваат директно во просториите на општината. „Ги повикуваме сите заинтересирани студенти кои се жители на Општина Маврово и Ростуше, навремено да ја комплетираат и достават документацијата во општинската архива. Со цел мотивирање на младите да го продолжат школувањето на високо образовните институции и да се трудат редовно да ги полагаат испитите, оваа можност, почна да се аплицира од академската 2021/22 години, и до сега ја оствариле 84 студенти“, соопштија од општината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ