Со отворањето на овој шалтер уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба за отвореност и посветеност кон безбедноста и потребите на граѓаните, се вели во соопштението на МВР.
Повик на МВР за ажурирање на податоците за „Безбеден град“
Министерството за внатрешни работи ги потсетува граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој работи секој работен ден во периодот од 8 до 17 часот можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Објавено на
часот





