недела, 21 декември 2025
Државен завод за статистика

Повеќе одобренија за градење се издадени во јули годинава за разлика од минатата година

Во јули година се издадени 401 одобрение за градење, што е за 7.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 31.699.433 илјади денари, што е за 345.3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Зголемената вредност се должи на фактот дека во референтниот период е издадено одобрение за градба за ветерен парк (за производство на електрична енергија од обновливи извори) во општините Штип, Радовиш и Карбинци, кој е со вредност од 500 милиони евра.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 228 (56.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 46 (11.5 %) за објекти од нискоградба и 127 (31.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 401 објект, на 232 (57.9 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 169 (42.1 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 667 станови со вкупна корисна површина од 60.676 м2.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ