недела, 28 декември 2025

Повеќе од 800 учесници на 11-то издание на Дедомразовската трка во Скопје

На плоштадот Македонија денеска се одржа 11-то издание на Кокакола – Дедомразовската трка 2025, традиционалната новогодишна улична трка во Скопје, која уште еднаш го претвори центарот на градот во црвено море од дедомразовски костуми и празнично расположение.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа година трката забележа рекордно учество со над 800 натпреварувачи од сите делови на Македонија. Највозрасниот учесник имаше 73 години, а најмладите беа бебиња помали од една година, кои заедно со своите родители ја почувствуваа веселата новогодишна атмосфера.

Стартот и целта традиционално беа поставени на плоштад Македонија, додека патеката од околу 2 километри се протегаше низ центарот на градот. Трчаа професионалци, почетници, а на прошетка дојдоа и повеќе расположени лица.

Настанот, кој од година в година привлекува сè поголем интерес, повторно го задржа својот препознатлив карактер: пријателско темпо, многу насмевки и забава, фотографии и поддршка за сите учесници.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ