Таравари кажа дека пациентите кои се сместени во Систина се во стабилна состојба и дека во наредните денови ќе информираат кога ќе бидат пуштени дома. Пациентите, пак, кои се лекуваат во странство почнуваат постепено да се враќаат дома.
„За оние кои се лекуваа надвор од државата имаме добри вести. Денеска веќе не се бројка 116 туку 113 што се лекуваат. Вчера еден пациент е вратен од Србија и една пациентка е вратена од Бугарија. Денеска се враќаат пет пациенти, четворица од Шпанија и еден од Грција“, рече Таравари на прес-конференцијата.
Во првите 24 часа по враќањето, како што е предвидено по протокол, оние пациенти што се враќаат во земјата ќе бидат сместени во некои од клиниките каде ќе треба да бидат под надзор.