Наведуваат дека ова е уште една суштинска промена во насока на поедноставување на административните постапки и зголемување на ефикасноста во системот за легално поседување оружје.
„Истовремено, преку централен електронски систем, Министерството за внатрешни работи ќе врши континуирана контрола и увид во количините што се набавуваат, во согласност со законски утврдените ограничувања. Со оваа промена, системот станува побрз, пофункционален и посовремен, без да се намали степенот на безбедносен надзор. Ова е уште една потврда дека се движиме во вистинска насока, со конкретни мерки што носат резултати и реално го подобруваат квалитетот на услугите што МВР ги дава на граѓаните“, истакнал министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.






