вторник, 6 мај 2025

Потврди за моторни возила од денеска достапни електронски на uslugi.gov.mk

Министерството за дигитална трансформација денеска информира дека достапни се две нови услуги на Националниот портал за електронски услуги – uslugi.gov.mk, кои се однесуваат на Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочуваат од Министерството, станува збор за многу користени потврди за моторни возила кои се употребуваат во прометот – Потврда за моментална сопственост на моторни возила за физички лица и Потврда за поседување на моторни возила за одреден временски период за физички лица (историјат за возило).

Овие две услуги отсега се достапни во електронска форма и можат да се употребуваат во правниот промет. Нивното добивање е достапно и во центрите за услуги на Министерството за дигитална трансформација во Скопје (Центар), Аеродром, Куманово, Тетово, Јегуновце, Битола, Охрид и Штип.

„Дигитализацијата на овие нови услуги на Националниот портал е значаен чекор напред во насока на транспарентност и ефикасност на институциите. Со нивното дигитализирање, граѓаните добиваат ефикасна услуга, јасен увид во постапките, намалувајќи ја можноста за злоупотреби и зајакнувајќи ја довербата во јавната администрација“, соопштуваат од Министерството за дигитална трансформација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ