Од претпријатието апелираат до граѓаните на градот Скопје на совесно и рационално користење и употреба на водата. Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на зеленило, бавчи и ниви, за перење автомобили, за полнење на базени.
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје ги повикуваат граѓаните кои ќе забележат диви приклучоци на мрежата, да ги пријават на телефонскиот број 02 3073 010, на e-mail адресата [email protected], или преку веб-страницата www.vodovod-skopje.com.mk. Оттаму предупредуваат дека со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснадбувањето до сите корисници во град Скопје.






