сабота, 12 јули 2025

Потребно е дополнително пренасочување на средства од буџетот во ПИОМ за зголемување на пензиите, вели министерката за финансии

Заради неостварување на проектирани приходи во пензиски фонд има потреба од дополнително пренасочување на средства кон ПИОМ, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Објавено на

часот

Сподели

„Станува збор за неостварување на проектираните приходи во рамки на пензискиот фонд и потреба од дополнително пренасочување на средства кон нив, од страна на буџетот. Во однос на усогласувањето на пензиите, веќе кажавме дека во септември, ние го вративме на сила и така беше предвидено со старото законско решение. Ќе продолжиме со истото и ќе имаме покачување, чекаме да заврши месецот и да видиме колку ќе бидат точно пресметките за покачувањето на пензиите до крајот на годината“, одговори таа на новинарски прашања, на прес-конференцијата што денеска ја одржа во медија-центарот на Владата, прашана колку милијардата денари за ПИОМ, дополнително што ќе се дадат со ребалансот на буџетот.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска, денеска изјави дека локалните самоуправи веќе ги добиле  250-те милиони евра, средствата наменети за нив од унгарскиот кредит.

„Локалните самоуправи ги добија оние четири милијарди и шестотини милиони денари од минатата година и годинава исто така добија средства. До каде се во постапките, ќе треба поединечно да се види со секоја институција што е одговорна. Ако се инфраструктурни проекти во општините, ќе треба да се праша во Министерството за транспорт. Ако е дел нешто од образованието, за училишта, доградби, реконструкции и слично, во Министерството за образование. Немам информации до каде се со потпишувањето на меѓусебните договори, помеѓу општините и надлежните министерства“, појасни министерката на новинарски прашања, на прес-конференцијата што ја одржа во медија- центарот на Владата

Прашана, во контекст на поддршката за локалните самоуправи за вториот повик и околу тоа колку средства се побарани од Министерството за локална самоуправа за апликациите поднесени по вториот повик, министерката Димитриеска – Кочоска одговори дека секоја институција побарала толку средства, колку што смета дека ќе ги изреализира во тековната година.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ