„Најдобра гаранција би била поинаква клима на доверба меѓу Северна Македонија и нејзиниот сосед“, вели амбасадорот.
Зборувајќи за иксуството на Италија, амбасадорот смета дека уставните измени и Копенхагенските критериуми и понатаму ќе бидат важен сегмент од пристапниот процес, но вели, откако сите влегуваат во истото семејство, политичките прашања кои изгледаат важни, понатаму ја губат релевантноста.






