понеделник, 8 декември 2025

Успешна потрага по пријава на 112, на Водно пронајдено исчезнатото момче

Екипи на Црвен крст го пронашле момчето кое таткото вчера го пријавил за исчезнат на Водно откако, според неговото јавување на бројот за итни случаи 112, пријавил дека синот најверојатно се лизнал и паднал по падините на планината.

Фото: Википедија

Објавено на

часот

Сподели

„Регионалниот ЦУК Скопје, извести дека од единствениот број за итни случаи 112 била добиена пријава, вчера попладне, при што родителот побарал помош за синот, кој одејќи на прошетка по Водно, се лизнал и најверојатно паднал и повеќе не се јавувал. Телефонот му бил бил исклучен, а повикувачот не знаел, точно во кој дел може да се наоѓа синот. Од ЦУК веднаш биле известени службите од Црвен Крст за натамошна постапка.

Во 14.55 часот од страна на Црвен Крст е добиено известување дека лицето е лоцирано и е веќе со неговиот родител на Средно Водно и дека сѐ е успешно завршено“, известува Центарот за управување со кризи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ