понеделник, 15 декември 2025
Откако вчера исчезна во водите на Вардар

Потрагата по 16-годишното девојче продолжува и утрово, ангажирани се „Тигрите„, „Волците“, пожарникари, кајакари…

На 24 јули 2025 година, околу 16:30 часот, во СВР Велес било пријавено дека 16-годишно девојче од село Уланци, општина Градско, исчезнало во водите на реката Вардар. Според пријавата, девојчето заедно со К.П. (29) од Скопје, која има привремен престој во с. Уланци, се капеле во реката кога малолетничката била одвлечена од струјата на водата по течението.

Објавено на

часот

Сподели

К.П. неколку пати се обидела да ја спаси, но не успеала. Веднаш по пријавата, започната е интензивна потрага во која се вклучени полициски службеници од СВР Велес, припадници на специјалната антитерористичка единица „Тигар“, Единицата за специјални намени „Волци“ на Армијата, Дирекцијата за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица и кајакари од кајакарски клуб од Велес.

Потрагата беше прекината синоќа околу 20:50 часот поради намалена видливост, а продолжува денеска.

Надлежните служби остануваат на терен сè додека девојчето не биде пронајдено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ