среда, 23 април 2025

Потрага по исчезнатиот планинар Стојче Пецевски

Вчера, околу 10:50 часот во реонот на велешкиот рид ГРООТ, исчезнат e планинарот и пензионер од Велес, Стојче Пецевски.

Објавено на

часот

Сподели

Телефонот е лоциран во радиус од два километри од предавателот на ГРООТ и сè уште сигналот е фиксиран во тој радиус, информира Игор Смилев, долгогодишен планинар од Велес и пријател на исчезнатиот. Тие за исчезнувањето на Стојче Пецевски веднаш ја известиле и полицијата која се вклучила во потрагата.

Смилев апелира до велешките планинарски друштва, клубови и сите граѓани да се приклучат во потрагата.

Инаку во текот на вчерашниот ден, неколку алпинисти и планинари направиле потрага од споменикот кај село Раштани до Антената па сè до каменоломот Миса, а оттаму поторно до Раштани.

Во тој реон трага и СВР Велес.

Се очекува потрагата да се прошири кон селата Белештевица и Сопот, а се бараат и поединци кои добро го познаваат овој терен.

Доколку некој има било каква информација може да се јави во СВР Велес, или на телефоните 075 751 068 и 070 850659.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ