сабота, 7 февруари 2026

Потпишан протокол за соработка на Уставниот суд на Македонија со Врховниот уставен суд на Египет

Претседателот на Уставиот суд, Дарко Костадиновски и претседателот на Врховниот уставен суд на Арапската Република Египет, Булос Фатимп Искандар потпишаа протокол за соработка.

Објавено на

часот

Сподели

По повод потпишувањето, двајцата претседатели изразија задоволство и уверување дека со овој документ се воспоставуваат нови перспективи за натамошно унапредување на соработката, размена на искуства и техники за унапредување и поефикасно работење.

Како што информира Уставниот суд, разговорите се одвиваа во насока на билатерална размена на знаења и практики, се дискутираше и од аспект на проширување на соработката на меѓународен план, со цел информирање и градење на ставови во рамки на Светската конференција на уставни судови.

Посетата на  Костадиновски на Египет е по повод учесто на претседателот Костадиновски на состанокот на највисоко ниво на африканските уставни судови, на кој присуствуваат и претседателот на Уставниот суд на Шпанија, Кандидо Конде-Пумпидо кој ја претставува Светската конференција на уставни судови, Елена-Симина Танасеску како претседавач на Асоцијацијата на уставни судови на Франкофонијата.

Костадиновски, покрај тоа што го претставува Уставниот суд на Република Македонија, е во својство и на претседавач и претставник на Балканскиот форум на уставни судови. Тој денеска ќе одржи говор на тема „Уставното судство во Република Македонија, патот од строг формализам до жив конституционализам”.

На маргините на настанот, претседателот Костадиновски денеска се сретна со претседателот на турскиот Уставен суд, Кадир Озкаја, претседателката на Уставниот суд на Алжир, Лејла Аслои. Костадиновски оствари и средба со Јунг Јунгми, судијка на Уставниот суд на Кореја, на која беше истакнато задоволство од развивање на соработката и најавено присуство на претставници од судот во Кореја на 4-от Конгрес на Балканскиот форум на уставни судови кој ќе се одржи од 12 до 14 ноември во Охрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ