„На мое огромно задоволство го потпишавме договорот врз основа на кој нашите две држави ќе имаат заедничка контрола на граничниот премин Табановце-Прешево со што ќе овозможиме побрз трансфер и проток, како на стоки и услуги, така и на луѓе на нашата граница. Со имплементација на системот, очекуваме двојно да се забрза трансферот на луѓе, а по потпишување и ратификација на договорот ќе можеме да започнеме со тест-фазата од аспект на техничко решение и се надеваме дека пред почетокот на летната сезона ќе можеме и официјално да го ставиме во функција и да го забрзаме протокот на луѓе“, потенцира министерот Тошковски.
Тошковски нагласи дека продолжува и понатаму одличната соработка со српската полиција во борба против сите видови криминал и во текот на оваа летна сезона ќе продолжи проектот за размена на полициски службеници на Србија во Охрид и македонски полициски службеници на настани коишто ќе се одржуваат во Србија.
Министерот за внатрешни работи, Ивица Дачиќ потенцираше дека целта на овој договор е можност уште повеќе да им се помогне на граѓаните полесно да ги преминуваат граничните премини и со тоа да се олесни протокот на луѓе и материјални добра.
„Денес го потпишавме договорот меѓу двете влади за воспоставување на заеднички контроли за меѓународен патен сообраќај Прешево-Табановце, каде воспоставуваме нов процес на работа кој има за цел поедноставување на комплетната процедура на граничните проверки, така што полициските службеници на земјата-домаќин ќе бидат овластени, покрај влезната гранична контрола на својата земја ќе ја извршат и излезната гранична контрола на соседната земја. Така го воспоставуваме „уан стоп“-системот, со едно место на контрола“, нагласи министерот Дачиќ.
Тошковски нагласи дека продолжува и понатаму одличната соработка со српската полиција во борба против сите видови криминал и во текот на оваа летна сезона ќе продолжи проектот за размена на полициски службеници на Србија во Охрид и македонски полициски службеници на настани коишто ќе се одржуваат во Србија.
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ потенцираше дека целта на овој договор е можност уште повеќе да им се помогне на граѓаните полесно да ги преминуваат граничните премини и со тоа да се олесни протокот на луѓе и материјални добра.
„Денес го потпишавме договорот меѓу двете влади за воспоставување на заеднички контроли за меѓународен патен сообраќај Прешево-Табановце, каде воспоставуваме нов процес на работа кој има за цел поедноставување на комплетната процедура на граничните проверки, така што полициските службеници на земјата-домаќин ќе бидат овластени покрај влезната гранична контрола на својата земја да ја извршат и излезната гранична контрола на соседната земја. Така го воспоставуваме ‘уан-стоп’- системот со едно место на контрола“, нагласи министерот Дачиќ.