Како што информира собраниската прес-служба, со Меморандумот се утврдува рамка за заеднички активности насочени кон унапредување на образовното искуство и поттикнување размена на знаења и добри практики.

„Соработката предвидува активности кои ќе овозможат практична вклученост на студентите преку програми за практикантство во рамки на собраниската служба, учество во реални проекти и решенија во координација со Собранието, како и размена на знаења преку сесии и гостински предавања поврзани со дигиталната трансформација и е-управувањето. Дополнително, се предвидува и учество во хакатони и натпревари, како и можност за дефинирање и други форми на соработка“, стои во соопштението.
Од Собранието на Македонија наведуваат дека остануваат посветени на иницијативи што придонесуваат за развој на човечкиот капитал, јакнење на институционалните капацитети и поддршка на младите преку современи форми на соработка со образовниот сектор.






