среда, 11 февруари 2026

Потпишан договор за соработка на МЖ – Инфраструктура и Турски државни железници потпишаа договор за соработка

МЖ – Инфраструктура и Турски државни железници потпишаа договор за соработка, објави на својот фејбук-профил Синиша Ивановски, директорот на МЖ – Инфраструктура.

Објавено на

часот

Сподели

„Потпишавме договор за блиска соработка со Турски државни железници. Заедно со колегите од Македонски железници – Инфраструктура имавме работни средби со директорот на Турските железници, Вејси Курт, и неговите соработници. Турските железници во областа на инфраструктура имаат сериозен, брз и забележителен прогрес. Меѓу другото, веќе се и сериозен регионален тренинг-центар. Со потпишувањето на договорот, некои од своите капацитети ги ставаат на располагање“, пишува Ивановски.

Размената на искуства и практики, додава Ивановски, во наредниот период ќе биде придобивка за нас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ