петок, 5 декември 2025

Постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел на исплата на пензиите

Исплатата на пензиите се одвива редовно и без промени. Сите пензии се исплаќаат согласно важечките законски одредби, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Објавено на

часот

Сподели

Во врска со информациите за постапката во Уставниот суд, министерството појаснува дека отворањето постапка не значи укинување или измена на мерките што во моментов важат. Сите законски решенија, велат оттаму, остануваат во сила до донесување конечна одлука од удот.

„Министерството апелира до пензионерите да не подлегнуваат на дезинформации и шпекулации. Каква било евентуална промена во законската рамка ќе биде навремено и транспарентно соопштена“, се вели во соопштението од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Социјалната сигурност и стабилноста на пензискиот систем, велат од министерството, остануваат врвен приоритет на оваа институција.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ