Според обвинителството, осомничените подолг временски период складирале отпадно железо, електронски отпад, делови од стари автомобили и шасии на локација без дозвола, спротивно на Законот за управување со отпад и еколошките прописи.
На 9 јули, на истата локација избувнал неконтролиран пожар кој зафатил целата маса од отпадниот материјал. Пожарот предизвикал испуштање на чад, пепел и токсични гасови, со што била загрозена животната средина и здравјето на граѓаните.
По барање на јавниот обвинител, Единицата за атомска, биолошка и хемиска одбрана на Армијата извршила мерења и утврдила зголемено ниво на индустриска контаминација.
Од обвинителството велат дека СВР Скопје веќе обезбедиле обемна документација и други докази, а Државниот инспекторат за животна средина извршил вонреден надзор и констатирал сериозни неправилности.
Од ЈО дополнуваат истрагата продолжува со распити и вештачења за целосно расветлување на случајот.






